ЈАВНИ ПОВИЦИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Од март до мај - 2022 година, Детскиот културен центар – „Карпош“ и Град Скопје, организираат креативни и едукативни предвања и работилници кои имаат за цел да ја сублимираат креативноста и креативните потенцијали на учениците. Проектот ,,Креативно менторство” се состои од низа предавања и работилници на претходно утврдени теми од сферата на креативните индустрии и тоа: моден и индустриски дизајн, маркетинг и комуникациски медиуми, активности од обласата на визуелните и изведбените уметности, архитектурата како и информатички технологии.

За таа цел, ЈУ “Детски културен центар Карпош“ има потреба од ангажирање на експерти – ментори за реализација на работилници со соодветно искуство од оваа област, кои низ предавања и работилници кај учениците ќе постигнат повисоко ниво на креативност и инвентивност како и поттикнување на нивните организаторски способности.

Кандидатите треба да бидат креативни луѓе – едукатори, кои:

  • Имаат стручно познавање од областа која ќе ја реализираат;
  • Да имаат учество во проекти од областа на културата;
  • Да имаат искуство во спроведување на едукативни работилници со ученици од основно и средно образование;
  • Да дадат конкретен креативен предлог концепт за тематскa работилница која би ја реализирале

 Избраните експерти - ментори ќе бидат ангажирани со авторски договори.

Напомена: Учесници на Јавниот повик треба да достават до нашата установа ( архива) или на долунаведената е – маил адреса: биографија (CV) и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик) за едукатори - ментори во проектот „Креативно менторство“.

Учеството во работилниците ќе биде според сите протоколи за заштита од Ковид 19.

Јавниот повик е даден на 02.03.2022 и трае до 09.03 2022 година и трае 8 дена од денот на објавувањето.

Контакт телефон 02 / 3228 111

Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com

 KREATIVNO MENTORSTVO

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)