ЈАВНИ ПОВИЦИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Во период од мај до јуни, 2023 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ја организираат и реализираат музичко - сценската манифестација „Фестивал на класичен балет и модерен танц“.

 

 За таа цел ЈУ Детски културен центар – „Карпош“ бара лица со соодветно стручно искуство во реализација на детски музичко – сценски манифестации за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.

 

  • Уметнички директор на фестивалот 1 (еден)

 

Уметничкиот директор на фестивалот има задача и обврска да спроведе аудиции, да пронајде и предложи: стручни соработници од културата и балетски студија за класичен и модерен танц за реализација на фестивалот од земјата и странство.

Уметничкиот директор има задача и да ја организира и реализира целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.

Напомена: Учесници на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија за учество во реализација на музичко – сценска манифестација „Фестивал за класичен балет и модерен танц“, мотивациско писмо (зошто се пријавува на повикот) и предлог активности (што ќе се работи), како и листа на предложени професионалци кои ќе земат учество во проектот.

Јавниот повик е даден на 06.02.2023 и трае до 15.02.2023 година, 10 дена од денот на објавувањето.

Контакт телефон: 02 / 3228 – 111

Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com

 

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)