ЈАВНИ ПОВИЦИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Во јуни 2024 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе организираат креативни и едукативни работилници и предaвања кои имаат цел да ја сублимираат креативноста и креативните потенцијали на децата и младите од Град Скопје. Фестивалот на детска креативност - Трамболини се состои од низа предавања и работилници и е поделен во четири столба и тоа: наука, уметност, личен развој и забава и спорт, каде децата и младите ќе бидат учесници и ќе ја разбудат својата креативност онаму каде што имаат интерес.

За таа цел ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ има потреба од ангажирање на едукатори за реализација на работилници со соодветно искуство од областа за која се пријавуваат.

Исто така за успешна реализација на фестивалот потребни се следните позиции:

  • Едукатори
  • Компетентни лица за дебати
  • Стручни програмски соработници од областа на културата

Низ предавањата наменети за креативноста кои се предвидени да се реализираат од страна на стручни лица од земјата и странство, учесниците ќе постигнат повисоко ниво на креативност и инвентивност како и поттикнување на нивните организаторски способности.

За успешна реализација на фестивалот на детска креативност предвидено е да учествуваат и еминентни странски гости едукатори и предавачи.

Кандидатите треба да бидат креативни луѓе – едукатори, компетентни стручни соработници од областа на културата и компетентни лица за дебати кои:

  • Имаат стручно познавање од областа која ќе ја реализираат;
  • Имаат учество во проекти од областа на културата
  • Имаат искуство во спроведување на едукативни работилници со деца и млади
  • Ќе дадат конкретен креативен предлог концепт за тематскa работилница која би ја реализирале

Избраните едукатори за одржување на работилниците и останатите компетентни лица ќе бидат ангажирани со авторски договори.

Напомена:

  • ЗА ЕДУКАТОРИ: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија (CV) и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик) како и конкретен предлог концепт за тематски работилници кои би ги реализирале.
  • За останати компетентни лица: Учесниците на Јавниот повик треба да достават биографија (CV)

 Јавниот повик е даден на 14.02.2024 и трае до 23.02.2024 година, и трае 10 дена од денот на објавувањето.

Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com

Контакт телефон 02 / 3228 111

 TRAMBOLINI ISTORIJA

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)