ЈАВНИ ПОВИЦИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Од мај – декември 2024 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, го организираат меѓународен фестивал и натпревар за класична гитара „Тремоло“ - 2024.

За таа цел се бара лице со соодветно стручно искуство од оваа област за следната позиција за која ќе биде ангажиран/а со авторски договор.

 

  • Уметнички директор на фестивалот 1 (еден)

 

Уметничкиот директор има задача:

  • Да пронајде и предложи значајни гитаристи - педагози од Европа и Р.С. Македонија за концерти, работилници и мастер часови;
  • Да пронајде и предложи стручни соработници за реализација на активностите,
  • Да го утврди годишниот термин и времетраење на одржување на Меѓународниот фестивал и натпревар за класична гитара „Тремоло“ - 2024,
  • Да подготви програмски активности и нивна реализација,
  • Да даде придонес за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на Меѓународен фестивал и натпреавр за класична гитара „Тремоло“ - 2024.

 

Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија за учество во реализација на сценско - музички настани, мотивациско писмо како и предлог програма и активности за „Тремоло“ 2024 и предлози на значајни гитаристи, педагози и стручни соработници.

Јавниот повик е даден на 14.02.2024 година и трае до 21.02.2024 година, 8 дена од денот на објавувањето.

Контакт телефон: 02 / 3228 – 111

Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следниот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com

Податоците за манифестацијата од изминатите години може да ги најдете на ВЕБ страната на ДКЦ - „Карпош“ и ВЕБ страната на „Тремоло“.

 

LOGO TREMOLO 800x400

 

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)