РАЗВИВАМЕ И ГРАДИМЕ МЛАДИ ТАЛЕНТИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Секое дете во себе носи потенцијал и талент за одредена уметност и затоа ЈУ Детскиот културен центар - „Карпош“ од 3 февруари до 10 март 2020 год. реализираше низа работилници од македонско народно творештво со проектот „Развиваме и градиме млади таленти“ во градинки и основни училишта на територија на Град Скопје

Учество зема градинка Срничка, клон Бамби каде што се изработија три работилници со две големи групи или вкупно 6 работилници. Учество во градинката Срничка земаа вкупно 54 деца.

Учество во проектот земаа и 3 основни училишта и тоа:

Во ООУ „Љубен Лапе“ - Аеродром се одржуваа работилници во четири паралелки во трето одделение и се одржаа по три работилници, или вкупно 12 работилници. Во ова училиште земаа учество вкупно 126 ученици.

Во ООУ „Димитар Македонски“ - Аеродром на повикот се пријавија ученици од четврто одделение. Во две паралелки се реализираа по три работилници, или вкупно 6 работилници. Учество земаа 63 ученици.

Во ООУ „Киро Глигоров“ - Центар се реализираше една работилница од предвидените три. Заради насоките кои ги даде Владата на РС Македонија, учениците да седат дома, ние како институција во соработка со училиштето решивме овие две останати работилници да ги реализираме „online“. Со помош на веб страната на училиштето и ангажирање на едукаторите, овие работилници беа успешно реализирани со самото објавување на информацијата на 19 март. Во ова училиште се пријавија трето одделенци и има само една паралелка. Вкупен број на ученици вклучени во работилниците е 32 ученика.

Сите ученици кои беа учесници на работилниците од македонско народно творештво добија сертификати. Интересот за ваков тип на креативни работилници беше огромен, со што можеме со сигурност да кажеме дека сме ја постигнале целта.

 

RAZVIVAME GRADIME TALENTI 2020

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

РАБОТИЛНИЦА „РАЗВИВАМЕ И ГРАДИМЕ МЛАДИ ТАЛЕНТИ“

RAZVIVAME TALENTI 400x300

„РАЗВИВАМЕ И ГРАДИМЕ МЛАДИ ТАЛЕНТИ“ се работилници кои се релизираат со деца од градинки и основни училишта од Град Скопје.

Уште од најраната возраст кај денешните деца забележуваме дека се исклучително напредни и покажуваат вештини кои знаат да не воодушеват.

Но, тоа не треба да го оставиме така, во процесот на нивниот раст и развој, туку потребно е да овозможиме и поттикнеме правилно да се развиваат.

ПОВЕЌЕ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација