МАНИФЕСТАЦИИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

ЈУ. Детски културен центар – Карпош прославува 75 годишно постоење.

 

 Тоа е малата скопска палата на булеварот Илинден, каде од 1948 година , па се до средината на минатиот век е Пионерски Дом, а денес Детски културен центар - Карпош кој е реномирана градска институција. Здание полно со збиднувања, полно со доживувања, полно со детски желби, мечти, сонувања, здание полно со историја и позитивна енергија. Карпошовци до ден денес го исполнуваат аманетот на последниот потомок на семејството Драга, Али Драга кој вели: „ Да се чува куќата со љубов, дружба и слога, вредно да се работи и нови вредности во неа да се создаваат“. И тоа трае до ден денес. Се создава, се твори и ќе се твори.

75 GODINI JUBILEJ

 За време на своето постоење, Детскиот културен центар – Карпош зачува сè што е добро и го надополнува сосо времени креативни, модерни и интерактивни програми, секции и работилници кои ги следат социјалните појави и трендови, во согласност со интересите на децата и младите.
Детскиот културен центар – Карпош е центар на инспиративни моменти за децата од целиот град!!!

75 години расадник на таленти, 75 генерации деца,а денес имаме примери на неколку генерации. Многу карпошовци денес се познати актери, музичари, уметници.... Ретко кој од карпошовците не ја постигнал својата цел, не го остварил својот животен сон. Овој јубилеј го посветуваме на оние кои вредно работеле и дале свој голем придонес во развојот на ДКЦ – Карпош, некогашните вработени, денес пензионери, а и на сегашните вработени кои ги исполнуваат ветувањата и оставениот аманет, вели директорката на Детскиот културен центар – Карпош, д-р Билјана Лалчевска Серафимовска.

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Оро без граници


 

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)