РАЗИГРАН ПЛОШТАД

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

На 31.8.2021 година Детскиот културен центар – „Карпош“, успешно ja реализираше манифестацијата „РАЗИГРАН ПЛОШТАД“ - културни активности на отворено.

На плоштадот „Карпошово востание“ со почеток од 19:00 часот, многубројната публика имаше можност да се запознае со активностите кои се реализираат во Детски културен центар „Карпош“ преку програма, изведена од членовите на секциите на Центарот.

На 4 Јуни 2020 година, ЈУ Детски културен центар - „Карпош“, за прв пат ја реализираше манифестацијата „РАЗИГРАН ПЛОШТАД“, online и ги промовираше и афирмираше своите активности и секции на достоен начин.

Заради новонастанатата ситуација со пандемијата со корона вирусот и препораките за заштита кои што доследно ги следиме, целокупниот програмски план зема сосема друг тек.

„РАЗИГРАН ПЛОШТАД“ е манифестациа наменета за сите деца како и за младината и граѓаните на Скопје. Организатор и реализатор на овааа манифестација е Детски културен центар „Карпош“, во соработка со Град Скопје. Проект кој се одржува во временски период од јуни до септември на плоштадите Македонија и Карпошово востание во Скопје како и на помалку заборавени летни сцени кои преку овие активности на отворено заживуваат.

РАЗИГРАН ПЛОШТАД - културни активности на отворено

LOGO RAZIGRAN PLOSTAD 400x300 РАЗИГРАН ПЛОШТАД - Културни активности на отворено е проект кој започна во септември 2011 година, под покровителство на Град Скопје, а реализиран од Детски културен центар – „Карпош“.

Проектот има цел да ги заживее плоштадите, со музика, фолклор, ликовна уметност, музичка уметност и други активности наменети за децата, младите и граѓаните на Скопје.

Програмата ќе се одржува со цел да се афирмираат и промовираат активностите кои се дел од ДКЦ – „Карпош“, и за привлекување нови членови во секциите кои егзистираат во домот.

ПОВЕЌЕ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)