12-тото издание на традиционалната спортско-рекреативна манифестација „Движи се за здравје“ се одржа на локацијата кај Фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк во Скопје на 22 септември од 10:00 часот.
Манифестацијата е во организација на ЈУ Детски Културен центар -Карпош. Како клучен дел од одбележувањето на Европската недела на мобилност, овој настан ги обединува децата од предучилишна возраст од градинките ширум градот со цел промоција на физичката активност и здравите животни навики.

Целта на оваа манифестација е да потсетиме дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен раст и развој на децата, како и за подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст.
Преку вежбањето и движењата, децата ја откриваат брзината и вештината на поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и други спортски активности кои ги подготвивме за нив.
Во реализацијата учествуваа и студенти од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.