ЈУ. Детски културен центар - Карпош во соработка со Зоолошка градина-Скопје во едукативниот центар на Зоолошката градина на 29 септември 2026 година во 11:00 часот го реализираше мултимедијалниот проект насловен како „ЗОО приказни“. Новите 5 приказни се наменети за животните кои се жители на Зоолошката градина, Скопје и на интересен начин беа прикажани пред публиката. Главен покровител на овој мултимедијален проект е Град Скопје.

Целта на овој мултимедијален проект е најмладата публика преку приказни освен што ги запознаваат животните и нивните живеалишта исто така да се едуцираат и за културата на однесување во Зоолошката градина, како и начинот на исхрана на истите.
Преку едукативните приказни, кои се автентични и содржат моќни пораки, децата се едуцираа за животните и на крајот ја открија вредноста која ја носи секоја приказна сама по себе. Оваа година акцентот е ставен на скромноста, искреноста, одговорноста, сигурноста и припадноста, преку приказните за фламингата, шимпанзата, антилопите, зебрите и лавовите.

2026 ZOO Prikazni
Искрено веруваме дека со презентирање на овој мултимедијален проект ќе ја подигнеме свеста кај најмалите, а воедно и кај сите посетители на Зоолошката градина и дека како и со првиот циклус на приказните повторно ќе предизвикаме радост кај најмладата публика.

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ