Град Скопје е составен дел од меѓународниот проект CreArt 3 (Network of Cities for Artistic Creation) - Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претствува европска мрежа која обединува 13 градови од јавни и приватни културни институции.


Во ЈУ.Детски културен центар - Карпош во Скопје на 05.11.2026 година во 9.00 часот се одржа локалниот семинар CreArt – „Дигитален маркетинг и користење на алатки за промоција на уметници“.
Семинарот го најави директорката на Центарот, д-р Билјана Лалчевска Серафимовска и нагласи дека преку практични примери, интерактивна работа и размена на искуства, учесниците ќе стекнат знаења за креирање содржини, користење на социјалните мрежи, градење дигитален идентитет и избор на соодветни алатки за професионална промоција.
На семинарот учествуваа осум панелисти и преку панел-дискусии говореа за дигиталниот маркетинг и како и каде се создаваат нови можности за уметниците да ја претстават својата работа, да изградат препознатлив личен и професионален бренд и да допрат до поширока публика преку современи дигитални канали. Семинарот исто така беше наменет за запознавање на младите уметници со современите стратегии, платформи и дигитални алатки кои можат практично да ги применат во промоцијата на своето творештво. Целта на семинарот беше споделување на успешни практични примери за самостојно користење на дигиталниот маркетинг и користење на алатки за промоција на уметници, со цел зголемување на нивната видливост, препознатливост и комуникација со релевантната публика.
Модератор на настанот беше Борика Крушарева. Панелисти кои дискутираа во првата сесија на тема „Дигиталниот маркетинг во уметноста – од идеја до онлајн видливост“ беа:

- Проф. д-р Ана Секуловска Јовковска - Факултет за информатика Универзитет Скопје
- Проф. д-р Тони Васиќ - Продекан на Факултетот за архитектура и дизајн Универзитет „Американ колеџ“ – Скопје
- Анја Марија Макеска – маркетинг директорка во Brainster
- Весна Ивановска – Илиевска - новинарка
Во втората сесија на тема „Алатки и стратегии за промоција на уметници – практични пристапи и успешни примери“ дискутираа:
- Срна Гугуловска - основач и директор на Two by Four
- Јана Иванова - Потпретседателка за маркетинг во AИЕСЕК Скопје
- Јована Велкова - freelance графички дизајнер
- Стефан Смиљаноски – Директор во маркетинг агенцијата Division

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ