РАЗВИВАМЕ И ГРАДИМЕ МЛАДИ ТАЛЕНТИ се работилници кои се релизираат со деца од градинки и основни училишта од Град Скопје
Уште од најраната возраст кај денешните деца забележуваме дека се исклучително напредни и покажуваат вештини кои знаат да не воодушеват.
Но, тоа не треба да го оставиме така, во процесот на нивниот раст и развој, туку потребно е да овозможиме и поттикнеме правилно да се развиваат.
Преку правилно развивање на вештините се доаѓа до зголемување на самодовербата и пронаоѓање на себе си и својот талент, а тоа е од исклучително значење како за децата така и за општеството.
Сето ова е осмислено да се постигне преку предавања и работилници, добро осмислени активности, кооперативни игри каде целта е да се развијат одредени вештини, а преку нив да се откријат и развијат нивните таленти.
Особено е важно кај децата да се поттикне истрајноста во реализирање на замисленото и преку зголемување на самодовербата тие да станат свесни за талентот што го поседуваат.
Очекувањата од овие работилници се децата да станат свесни за себе и другите, да откријат дека секој има свој талент, да се насочат како да го градат својот талент и да се промовираат и афирмираат нивните таленти преку јавни настапи, изложби, концерти, медиуми...