ДРАМСКА СЕКЦИЈА

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

dramska 400 400Драмското студио на Детскиот културен центар - „Карпош“ им обезбедува на децата простор за креативна игра во која им е дозволено да прават грешки и да експериментираат. Преку драмски претстави, сценско движење и импровизации, ја стимулираме имагинацијата, практикуваме критичко размислување и развиваме емпатија и толеранција.

Во драмското студио работиме на тоа децата да го задржат она што е најважно, а тоа е искреноста. Ќе се занимаваме со драма за деца, ќе читаме многу и ќе разговараме на различни теми.

Ќе работиме на разбивање на стравот од јавен настап со помош на драмски игри и вежби во групи и индивидуално. Ќе ги поставиме темелите на актерскиот израз, сценскиот говор, сценското движење и заедно ќе совладуваме разни театарски улоги. Ќе зборуваме за емоциите и ќе ги анализираме искуствата, ќе креираме и ќе промислуваме.

Ќе гледаме филмови и театарски претстави и ќе ги анализираме содржините.

Децата ќе бидат поделени во три групи според возраста

 

ЦЕЛИ НА ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА

Децата ги развиваат своите говорни вештини, комуникациски вештини и експресивност, се запознаваат со драматичната креативност и театарските техники. Драмската секција им помага на децата во следново:

  • да ги изразат и развиваат своите чувства, способности и ставови,
  • да развиваат говорни и експресивни способности и вештини,
  • да развиваат имагинација и да ја поттикнуваат креативноста,
  • да стекнат сигурност и самодоверба,
  • да ги разбираат меѓучовечките односи и однесувања,
  • да развиваат толеранција кон различностите
  • да научат да соработуваат со другите, да се почитуваат себе си и другите.

Децата ќе имаат можност да се изразат себеси на оригинална сцена преку јавна изведба.

 

 

Локација     ДКЦ „КАРПОШ“
Пристапност     Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност.
      Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа.
Време      
Инструктор      
Членарина      

ПРЕВЗЕМЕТЕ - pdfДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - драмска секција

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)