МУЗИЧКА СЕКЦИЈА

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

muzicka

ИЗУЧУВАЊЕ КЛАСИЧНИ ИНСТРУМЕНТИ

КЛАСИЧНА ГИТАРА

Часовите за изучување на класична гитара се изведуваат индивидуално, во зависност од тоа колку детето - член има познавање од свирење на овој инструмент.

Возраст која е најпогодна за изучување на класична гитара се деца од 7 години до 14 години.

Почетниците се запознаваат со музичката теорија, солфеж и гитарата како инструмент, додека децата кои веќе имаат познавање од музичката теорија, изучуваат кратки дела од познати светски композитори.

Членовите на оваа секција учествуваат на многу манифестации и концерти што ги организира Детски културен центар - „Карпош“ и посетуваат и натпревари по гитара.

Часовите ги држи музички педагог Георги Трајков, понеделник и среда од 13:30 до 20:30 часот. Месечна чланарина 1200 денари.

 

Локација     ДКЦ „КАРПОШ“
Пристапност     Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност.
      Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа.
Време     понеделник и среда од 13:30 до 20:30 ч.
Инструктор     Георги Трајков
Инструмент     КЛАСИЧНА ГИТАРА
Членарина     1.200,00 денари, месечна членарина

 

ПРЕВЗЕМЕТЕ - pdfДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - инструменти-индивидуална настава

 

ИЗУЧУВАЊЕ ТРАДИЦИОНАЛНИ ИНСТРУМЕНТИ

ТАМБУРА, ТАПАН, КАВАЛ, ГАЈДА, КЕМАНЕ, ..

Курсот за изучување на македонски традиционални музички инструменти е поделен на два дела: теоретски дел и практичен дел.

Теоретскиот дел е запознавање на македонските традиционални музички инструменти и нивната поделба; нивната изработка и нивната употреба, и изучување на нотното писмо по одбрана литература.

Практичниот дел, во зависност од кои македонски традиционален музички инструмент е избран, е предвиден да се совладуваат вежби за расвирување, да се совладаат и интерпретираат дурски и молски скали и да се изучуваат ора и песни од различни етнички предели.

Преку курсот децата ќе стекнат општа музичка култура, ќе се запознаат со традиционалните мелоси и интерпретирање на еден или повеќе македонски традиционални музички инструменти во зависност од талентираноста на детето.

Со курсот за изучување традиционални инструменти раководи Тимчо Чичаковски во вторник од 17:30 до 19:00 часот (блок часови). Месечна чланарина 1200 денари.

 

Локација     ДКЦ „КАРПОШ“
Пристапност     Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност.
      Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа.
Време     вторник од 17:30 до 19:00 ч. (блок часови)
Инструктор     Тимчо Чичаковски
Инструмент     ТРАДИЦИОНАЛНИ ИНСТРУМЕНТИ
Членарина     1.200,00 денари, месечна членарина

 

ПРЕВЗЕМЕТЕ - pdfДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - инструменти-индивидуална настава
Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)