ФОТОГРАФСКА СЕКЦИЈА

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

fotografijaНа курсот за изучување фотографија ќе може да се научи сѐ што е важно и што се однесува на основната фотографија, нејзиното настанување и поделба, технички предуслови за правилно фотографирање и принципот на работа на фотоапаратот и дополнителната опрема.

Покрај тоа секцијата ќе се занимава со креативни решенија, начинот на осветлување и композицијата.

Фокусот на секцијата ќе биде на дигиталната фотографија меѓутоа заради нејзино полесно разбирање неопходно е да се направи паралела со основите на класичната аналогна фотографија.

Со цел за поефикасно следење на курсот, севкупните предавања се поделени на 4 тематски целини каде што членовите ќе имаат можност на едноставен начин, чекор по чекор, да дојдат до најкомплексните вештини во оваа област

Основната цел на овој курс е да стекнете бројни теоретски и практични знаења кои вас од фото аматер ќе ве доведат до искусен познавач на фотографијата.

Предавач на курсот е Анастазија Геговска. Месечна чланарина 1200 денари.

 

Локација     ДКЦ „КАРПОШ“
Пристапност     Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност.
      Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа.
Време     /
Инструктор     Анастазија Геговска
Членарина     1.200,00 денари, месечна членарина

ПРЕВЗЕМЕТЕ - pdfДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - фолклорна секција

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)