ШАХОВСКА СЕКЦИЈА

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

sahГолемите потези на малите мајстори ќе ги научите токму во шаховската секција на Детскиот културен центар - „Карпош“.

Откријте ги тајните на шахот преку игра и дружење!

Програмата е прилагодена на сите нивоа на знаење и преку индивидуализирана настава и специфична содржина придонесува за подобрување на играта шах и рамномерен развој на целата личност!.

Логика, комбинаторика, имагинативност, имагинација, креативност, интуиција, упорност, истрајност, се само некои од предностите што децата ги носат во магичниот свет на шах.

Преку игра и постепено запознавање со тајните на шахот, децата ќе откријат:

  • која е суштината на шахот
  • каква е логиката во играта на шах
  • кои се основните фази на шаховската игра
  • каков е планот на играта во одделни фази на играта
  • како конкретно да се применуваат стратешките и тактичките принципи во текот на играта
  • каква е улогата на времето во шаховска игра
  • што претставува психолошка проценка на текот на играта и партнерот со кој играте
  • како да се подготвите за одредена забава
  • како да изградите свој стил на игра

Низ шаховската секција ќе ве води ФИДЕ мајсторот Љубиша Андоновски кој има долгогодишно искуство и работа со деца и млади од сите возрасти. Ве очекуваме секој вторник и четврток од 17:00 до 19:00 часот. Месечна чланирани 1000 денари

 

Локација     ДКЦ „КАРПОШ“
Пристапност     Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност.
      Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа.
Време     секој вторник и четврток од 17:00 до 19:00 ч.
Инструктор     Љубиша Андоновски, ФИДЕ мајстор
Членарина     1.000,00 денари, месечна членарина

 

ПРЕВЗЕМЕТЕ - pdfДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - шаховска секција
Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)