ЛИКОВНА СЕКЦИЈА

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

likovnaЛиковното воспитание и образование ја култивира личноста на детето и ги развива неговите творечки способноти.

Преку ликовното изразување се пренесуваат знаења и естетски вредности, се развиваат способности преку кои детето ја развива и ослободува својата личност.

Часовите по цртање и сликање се наменети за деца и млади кои покажуваат талент за ликовното изразување.

На заинтересираните ќе им се овозможи спонтано и низ игра да пробаат разни ликовни техники.

Особено внимание ќе се посвети на изборот на материјали, експериментирањето со материјалите и истражувачките активности при ликовното творештво.

Ликовната секција работи во текот на цела учебна година, во просториите на Детски културен центар - „Карпош“ и тоа двапати неделно.

Децата се распоредени според возраста и со нив работи ликовниот педагог Снежана Шумковска.

Сите потребни материјали се обезбедени од институцијата. Месечна чланарина е 1000 денари.

 

Локација     ДКЦ „КАРПОШ“
Пристапност     Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност.
      Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа.
Време     понеделник и среда од 18:00 до 19:15ч.
Инструктор     Снежана Шумковска
Членарина     1.000,00 денари, месечна членарина

 

ПРЕВЗЕМЕТЕ - pdfДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - ликовна секција
Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација

 

СОГЛАСНОСТ ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Интернет страната www.dkckarpos.org.mk може да користи т.н. колачиња (cookies) за да се подобри прелистувањето, да се зачуваат одредени кориснички поставувања и да се поедностави интеракцијата со одредени делови на страната.

Интернет пребарувачот на посетителот на страната може да биде нагоден да ги одбива колачињата, односно да предупредува за нивното појавување, а тие во секој момент можат да се избришат од уредот на посетителот.

Во некои случаи, колачињата се потребни за правилно функционирање на интернет страната.

Изберете дали се согласувате да се користат колачиња (cookies)