ЈУ. Детски културен центар со поддршка на Град Скопје од 2 март до 30 мај 2026 година го реализираше проектот Креативно менторство-работилници.
Работилниците за КРЕАТИВНО МЕНТОРСТВО се наменети за ученици од основните и средните училишта на Град Скопје и имаат за цел да ја сублимираат креативноста и креативните потенцијали како основа за понатамошен успешен раст и развој на младите. Со низа предавања и практична работа се постигнува повисоко ниво на креативност и инвентивност кај сите пријавени учесници со кои работеа експерти - ментори. На овој начин учениците имаа можност да се вклучат во целокупниот процес на креирање и создавање т.е од идеја до реализација на идејното решение-производ.

Оваа година младите имаа можност да учествуваат и да ги развиваат своите креативни вештини и работеа и на сопствени идеи и проекти. Учесниците на Креативно менторство работеа на 3 работилници:
-Совесна мода
-Разгледници од иднината-креирање со вештачка интелегенција
-Класичен мозаик
Целта на овој креативен проект е да се поттикне креативното размислување, уметничкиот израз и практичното учење кај младите, овозможувајќи им да стекнат нови знаења и искуства во менторска и инспиративна средина.