На курсот за изучување фотографија ќе може да се научи сѐ што е важно и што се однесува на основната фотографија, нејзиното настанување и поделба, технички предуслови за правилно фотографирање и принципот на работа на фотоапаратот и дополнителната опрема.
Покрај тоа секцијата ќе се занимава со креативни решенија, начинот на осветлување и композицијата.
Фокусот на секцијата ќе биде на дигиталната фотографија меѓутоа заради нејзино полесно разбирање неопходно е да се направи паралела со основите на класичната аналогна фотографија.
Со цел за поефикасно следење на курсот, севкупните предавања се поделени на 4 тематски целини каде што членовите ќе имаат можност на едноставен начин, чекор по чекор, да дојдат до најкомплексните вештини во оваа област
Основната цел на овој курс е да стекнете бројни теоретски и практични знаења кои вас од фото аматер ќе ве доведат до искусен познавач на фотографијата.
Месечна чланарина 1.000 денари.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | / | |||
| Инструктор | ||||
| Членарина | 1.000,00 денари, месечна членарина | 
ПРЕВЗЕМЕТЕ - 
ДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - фолклорна секција



																															
					
