Меѓународниот фестивал и натпревар за класична гитара „ТРЕМОЛО“ претставува културен настан кој ги обединува љубителите на класичната гитара, студентите и професорите од Скопје, од државата, но и од светот. Фестивалот и натпреварите се одржаа од 19 до 22 мај 2026 година под покровителство на Град Скопје.


На „Тремоло“ оваа година по 17 пат скопската публика уживаше во две концертни вечери на кои настапија странски светски познати гитаристи.
Првиот концерт се одржа на 19 мај во Музејот на македонската борба од 18:30 часот на кој настапи младиот класичен гитарист Милош Вуковиќ од Р. Србија, а вистински музички спектакл се случи на 20 мај од 18:30 часот во Националната филхармонија со Аир фламенко со Хозе Луис Мартинез Морено од Шпанија. Покрај двете концертни вечери, на 21 мај се одржаа натпревари за мали и млади класични гитаристи кои се натпреваруваа по категории, од мини до петта категорија, за кои натпреварувачите добија сертификат за учество и пригодни награди. Натпреварите ги оценуваа светски познати, искусни педагози по класична гитара. Фестивалот успешно заврши на 22 мај со мастер часови и работилници од областа на класичната гитара.

2026 TREMOLO
Во текот на изминатите години многу еминентни солисти и педагози, светски познати уметници од областа на класичната гитара, придонесоа овој фестивал да стане препознатлив со својата уникатност.
„Тремоло“ е прв и единствен фестивал во нашата земја кој е посветен на уметноста на класичната гитара. Низ годините фестивалот прерасна во престижна културна манифестација што ги обединува љубителите на класичната гитара и која од година во година е се помасовна, со единствена цел, преку концерти и натпревари да ги поттикнува младите гитаристи да продолжат понатаму и еден ден да блеснат на светската сцена.

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ