МАНИФЕСТАЦИИ |
Убавината со која плени Старата чаршија во Скопје која е заштитен национален симбол е една од причините поради која што е меѓу најпосетуваните локации во Скопје. Самата прошетка низ нејзините калдрмени улици е магија преку која и денес може да се почувствува минатото – духот на градот.
ЈУ. Детски културен центар – Карпош прославува 75 годишно постоење.
Манифестацијата „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ е меѓународен детски фолклорен фестивал, прв пат одржан во 1991 година.
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: Оро без граници
Традиционално се одржува во рамките на „ДЕТСКАТА НЕДЕЛА“ кон крајот на септември и почетокот на октомври под мотото „ДЕНЕШНОТО ПОЗНАНСТВО, УТРЕШНО ПРИЈАТЕЛСТВО“.
Треперење, брзо и повеќекратно повторување на ист тон... Ова е значењето на зборот „тремоло“, кој познавачите на инструменталната музика добро го знаат. Така е насловен и Меѓународниот фестивал за класична гитара, единствениот од ваков тип кај нас...
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: Тремоло
или на веб страната на ТРЕМОЛО.
„ИНСТРУМЕНТИТЕ НА МОИТЕ ПРЕДЦИ“ е фестивал и натпревар кој им овозможува на децата и младите да ја негуваат изворната песна
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: Инструментите на моите предци
Концептот на фестивалот се состои од ревијална вечер, каде со свои изведби се претставува жири комисијата и познати македонски виртуози, кои преку звукот на народните инструменти ќе и овозможат на публиката да отпатува во различни предели и региони на нашата држава, со цел да се потсети на подзаборавените песни и ора.
Концепираноста на фестивалската програма во основа ја поддржува разноликоста која се сретнува во воспитно - образовниот процес во танцовите секции. Таа разноликост опфаќа широк спектар како класичен балет така и мноштво од современи стилови.
Организацијата и реализацијата на фестивалот придонесува за афирмација на танцовата уметност кај младата популација, запознавање со иновативната содржина во негување (обука) на танцот како уметничко средство на изразност и оценка на професионалните капацитети и ресурси за развој на танцовата уметност во Македонија.
Колективното или хорско пеење има длабоки корени во историјата на човештвото. За него дознаваме посредно, со помош на компаративната музикологија.
Преку хорското детско пеење се добива синкретички карактеристики - поврзување со игра и движења кај децата која има исклучително функционална улога, за развој на здрави личности.
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: ГЛАСОТ НА ДЕЦАТА НА СКОПЈЕ
Креативноста е клучна компонента на здравјето и среќата и една од основните вештини која треба да ја развиваме кај децата. Таа не е ограничена единствено на уметничките и музичките изрази, туку е и од суштинско значење и за природните науки, социјалната и емоционалната интелигенција. Креативните луѓе се пофлексибилни, подобро се справуваат и ги решаваат проблемите, што пак од друга страна ги чини поспособни да се прилагодуваат на технолошкиот развој и промени..
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: ТРАМБОЛИНИ
Манифестацијата „ДВИЖИ СЕ ЗА ЗДРАВЈЕ“ традиционално се одржува во склоп на „Европската недела на движењето“ од 16 до 22 септември секоја година.
Целта на оваа манифестација е да се потсетиме кога вежбањето беше забавно. Тоа може повторно да биде така доколку ни се придружите нам и на милион останати низ Европа во „НЕДЕЛАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ“.
„ГО ГРАДАМ МОЈОТ ГРАД“ е креативно едукативна манифестација за предучилишните установи, се организира по повод 13 Ноември, денот на ослободувањето на град Скопје. Манифестација пат е одражна 1978 година и има цел да ги истакне детските творечки способности и креативност, а воедно и да ги запознае децата со големото значење на празникот 13 Ноември за градот Скопје.
Ролеријада е движење за сите кои сакаат рекреација и здрав живот. Целта на оваа рекреативна манифестација е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навика за спортување.
Преку оваа манифестација се промовира алтернативниот начин на движење во урбана средина.
ЗОО АЗБУКА е мултимедијален музичко едукативен проект кој преку музика и ликовна уметност има цел да ја подигне свеста кај децата, за животните кои се наоѓаат во нашата Зоолошка градина.
ПОСЕТЕТЕ НÉ НА: ЗОО АЗБУКА
Преку певливите едукативни рефрени и едукативната боенка, ќе им ги доближиме на децата елементите за грижа за животните кои се раритет во ЗОО градината.
РАЗИГРАН ПЛОШТАД - Културни активности на отворено е проект кој започна во септември 2011 година, под покровителство на Град Скопје, а реализиран од Детски културен центар – „Карпош“.
Проектот има цел да ги заживее плоштадите, со музика, фолклор, ликовна уметност, музичка уметност и други активности наменети за децата, младината и граѓаните на Скопје.
По повод меѓународниот ден на жената - 8 март, Детскиот културен центар - „Карпош“ со помош и поддршка на Град Скопје го организира музичко - креативниот настан „ИГРАМ И ПЕАМ ЗА МОЈАТА МАЈКА“ како честитка за 8 март.
Преку танц, музика, цртање, сликање и литературно творење секоја година се одбележува овој празник.
„АПРИЛИЈАДА“ е манифестација од ликовен и сценско забавен карактер што Детскиот културен центар - „Карпош“ со помош и поддршка на Град Скопје ја организира и спроведува секоја година на 1 април по повод денот на шегата, смеата и лагата, под мотото „Скопје се смее“.
Оваа манифестација прв пат е одржана во 2008 година.
ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ секоја година традиционално ја организира манифестацијата „ЦРТАЊЕ НА АСФАЛТ“, наменета за децата од градинките во Скопје и околината.
Оваа манифестација е со традиција од 40 години, се одржува во месец мај и посветена е на денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј, едни од најзначајните личности во македонската историја.
Предучилишниот период на детето е сетилен развој со кој се обидува да го запознае и разбере светот околу себе.
Во тој ран период се развива чувства на припадност, сигурност и колективизам преку достигнувања во когнитивните, социјалните и моторичките вештини.
Детскиот културен центар „Карпош“ повеќе од 30 години ја организира и реализира Ученичката квизотека за учениците од основните училишта од Скопје и околината. Ученичката квизотека својот циклус го започнува кон крајот на месец октомври, а завршува со супер финален натпревар кон крајот на април или почетокот на мај.
„СНЕЖЕН ГРАД“ е најмасовната детска манифестација од државен карактер што се одржува во втората половина на месец февруари.
Прв пат е одржана во 1969 година. Маниферстацијата е од сложен карактер, креативно - рекреативен и едукативен. Основна цел во оваа манифестација е правење снежни објекти и фигури.
По повод 7 ми Април, Меѓународниот ден на здравјето Ј.У. Детски културен центар - „Карпош“ во 2022 година за прв пат ја организираше КРОС ТРКАТА.
Во оваа спортска манифестација учествуваат дечиња од градинките од градот Скопје и околината.