Преку секцијата за модерен балет децата можат да изучуваат разни стилови и движења на современиот танц, да се запознаат со иновативни содржини на танцот како уметничко средство на израсност и да развиваат натпреварувачки дух преку посета на меѓународни натпревари, и натпревари организирани во нашата држава.
Својата работа ја претставуваат преку јавен час и годишен концерт заедно со својот инструктор Татјана Милановиќ.
Часовите се одвиваат во три групи поделени според возраст и тоа:
- од 3 до 5 години - прва група,
 - од 5 до 7 години - втора група и
 - од 7 до 9 години - трета група.
 
Месечна чланарина 1.500 денари.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | секој понеделник и среда од 17:30 до 20:30ч. | |||
| Инструктор | Татјана Милановиќ | |||
| Членарина | 1.500,00 денари, месечна членарина | 
| ПРЕВЗЕМЕТЕ -  | 



																															
					
