Ликовното воспитание и образование ја култивира личноста на детето и ги развива неговите творечки способноти.
Преку ликовното изразување се пренесуваат знаења и естетски вредности, се развиваат способности преку кои детето ја развива и ослободува својата личност.
Часовите по цртање и сликање се наменети за деца и млади кои покажуваат талент за ликовното изразување.
На заинтересираните ќе им се овозможи спонтано и низ игра да пробаат разни ликовни техники.
Особено внимание ќе се посвети на изборот на материјали, експериментирањето со материјалите и истражувачките активности при ликовното творештво.
Ликовната секција работи во текот на цела учебна година, во просториите на Детски културен центар - „Карпош“ и тоа двапати неделно.
Децата се распоредени според возраста и со нив работи ликовниот педагог Јована Наумоска.
Сите потребни материјали се обезбедени од институцијата. Месечна чланарина е 1500 денари.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | понеделник и четврток од 18:00 до 20:30ч. (секоја втора недела) | |||
| Инструктор | Јована Наумоска | |||
| Членарина | 1.500,00 денари, месечна членарина | 
| ПРЕВЗЕМЕТЕ -  | 



																															
					
