Во организација на ЈУ. Детски културен центар – Карпош со поддршка на Градот Скопје, во Македонски народен театар-МНТ од 6 до 9.06.2026 година, по шести пат се одржа Фестивалот за класичен балет и модерен танц. Ова е прв балетски фестивал во нашата држава кој ги опфаќа сите категории на деца и млади.

Вљубениците во балетската уметност имаа можност да уживаат во две прекрасни вечери со прекрасни танци на класичен балет и модерен танц. Фестивалската програма се одржа на 6.06 од 20:00 часот и 9.06.2026 година 18:00 и од 20:00 часот.

2026 BALET MODEREN TANC TEKSTФестивалската програма опфати класичен балет и мноштво од современи стилови. На првата фестивалска вечер, во рамките на фестивалот настапија Национална опера и балет од Скопје и Национален балет од Косово со претставата Кармина Бурана во кореографија на Toni Candeloro. Втората вечер беше посветена на балетските и танцови студија, а програмата започна со малите балерини од балетската секција при ДКЦ Карпош. Програмата продолжи со Денс студио Мак од Куманово, балетско студио „Балерина“, балерините од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ и гостите од Турција „Инстамбул Јуниор Балет“. Таа разноликост на фестивалот придонесува за афирмација на танцовата уметност кај младата популација , запознавање со иновативната содржина во негување на танцот како уметничко средство на изразност како и оценка на професионалните капацитети и ресурси за развој на танцовата уметност вели уметничкиот директор на фестивалот Маја Каревски, магистер по балетска педагогија.
Оваа година се додели награда за животно дело „Ѓорѓи Македонски“ на примабалерината и доајенката на македонскиот балет, Зоица Пуровска Велевска, а наградата за талентиран млад танчер се додели на Лука Ѓорѓиевски, како признание за неговата креативност, труд, уметнички потенцијал и посветеност и достигнувања во областа на танцовата уметност. Во склоп на фестивалот се одржа работилница и семинар под менторство на д-р Снежана Филиповска. Целта на овој единствен фестивал во нашата држава е промовирање на класичниот балет и модерен танц и поттикнување на децата и младите за избор на балетот како идна професија.

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ