Пинг-понгот има цел да ги развие перцептивните вештини кои играат клучна улога во извршувањето на секојдневните задачи како што се фаќање и движење.
Односот помеѓу визуелната перцепција и моторните вештини е клучниот сегмент на оваа активност.
Играњето пинг - понг овозможува поголемо време на интеракција меѓу децата.
Со тоа пинг - понг играта може да го подобри процесот на стекнување вештини од слични моторни задачи и механизми кои се справуваат со комплексната и фина моторна контрола.
Целта на пинг - понгот е да се развие кај децата: сила, брзина, издржливост, флексибилност, точност, моторика, натпреварувачки дух и правилен психофизички развој.
Секцијата функционира во договор со инструкторот Стојан Христов.
Искористете го секој слободен момент за учење на вештините на спортот пинг - понг.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
| Време | по договор. | |||
| Инструктор | Стојан Христов | |||
| Членарина | 1.000,00 денари, месечна членарина | 
| ПРЕВЗЕМЕТЕ -  | 



																															
					
