ЈУ. Детски културен центар „Карпош“ од 26 мај до 6 јуни 2026 година го организираше и реализираше Фестивалот на детската креативност „Трамболини“ со поддршка на Град Скопје.
По седми пат оваа година фестивалот на детска креативност „Трамболини“ се преточи во неисцрпен извор на креативност, кој преку едукативни и креативни работилници ја развива креативноста, креативните вештини, фантазијата и љубопитноста кај децата со понудените разнолики работилници.
На фестивалот учествуваа деца и млади на возраст од 7 до 17 години, каде совладаа нови техники на креативно изразување на забавен и креативен начин. На овој фестивал децата уживаа во работилници за личен развој, работилница по природни науки, работилница на турски јазик, ликовна изложба, изработка на креативна торбичка, драмската-балетско претстава „Волшебно патување“ која ја изведоа членовите на драмската и балетската секција при ДКЦ Карпош. Но,Трамболини не заврши тука, продолжи со работилница во Музејот на современа уметност насловена како „Временски патници“. Исто така во склоп на фестивалот скопската публика имаше можност да го погледне детскиот мјузикл на македонски јазик „Убавицата и ѕверот“, изведна од талентираните членови на Студиото за детски и младински мјузикли Бродвеј Јуниор од Скопје во склоп на Фестивалот на детски мјузикли.
Оваа 2026 година повторно на фестивалот за детска креативност Трамболини видовме насмеани и среќни детски лица кои станаа побогати со знаење од областа на културата и уметноста која впрочем е и целта на овој креативен фестивал.