Генералната програмска определеност на фолклорната секција е негување на изворното и стилизирано македонско народно оро и песна.
Својата работа како фолклорен ансамбл, членовите на оваа секција, ја крунисуваат со звршен годишен концерт кој се изведува на крајот на месец април, каде што пред своите родители и другата публика ја претстават програмата што ја работеле во изминатиот период.
Целта на фолклорната секција е да ги запознае децата со одделни специфики на македонското народно творештво, да ги негува основните фолклорни чекори и спецификата на македонските ритмови, да ја едуцира младата популација за вреднување на сопствените културни вредности од областа на фолклорното творештво и да ја афирмира македонската фолклорна традиција и култура.
Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
Време | секој вторник и четврток од 18:00 до 20:30 ч. | |||
Инструктор | Марко Младеновски | |||
Членарина | 1.000,00 денари, месечна членарина | |||
ПРЕВЗЕМЕТЕ - ДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - фолколорна секција |
Фолклорот за почетенци нуди можност секој кој е заинтересиран корисно да го минува времето во викендите, да научи повеќе за народните игри, песни и фолклорот воопшто да ни се придружи во вторник и четврток од 18.00 до 19.00 часот. Дојдете и почуствувајтеја ја магијата на фолклорот.
Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |||
Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |||
Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||||
Време | вторник и четврток од 18:00 до 19:00 ч. | |||
Инструктор | Марко Младеновски | |||
Членарина | 1.000,00 денари, месечна членарина | |||