ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ
АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

„Детска радост во Карпош“ е целодневен летен престој организиран од ЈУ. Детскиот културен центар Карпош, наменет за деца на возраст од 7 до 11 години.

Програмата нуди безбедно, инспиративно и креативно катче каде децата имаат можност да го исполнат своето лето со уметност, музика, спорт и забава, преку организирани активности во топла и пријателска атмосфера.
Во текот на денот, децата ќе учествуваат во разновидни активности како: балет, фолклор, гитара, пинг понг, шах, цртање, кино-проекции, квиз, филозофска работилница, караоке забава, бонтон-Култура на однесување, ботаника, читање лектира, правење мозаик од природни материјали, везење, етно креативно катче, учење на работа на 3Д принтер, работилница за етнолошки и етнокореолошки работилници итн, распределени по забавен и динамичен распоред. Програмата е внимателно осмислена за да поттикнува слобода на изразување, двигателен развој, логичко размислување и креативна комуникација меѓу децата.

DetskaRadostVoKarposh 2025

Цел на програмата:
Целта на „Детска радост во Карпош“ е:
• Да обезбеди содржајно, безбедно и квалитетно лето за децата.
• Да ја поттикне креативноста, двигателната активност и тимскиот дух.
• Да развие нови вештини преку културно-уметнички и спортски активности.
• Да создаде пријателства и доживувања кои децата ќе ги паметат со насмевка

 


ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ


 

МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ - „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“, историја

ORO BEZ GRANICI B T 400x300Манифестацијата „ОРО БЕЗ ГРАНИЦИ“ е меѓународен детски фолклорен фестивал, прв пат одржан во 1991 година.

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook blue 32 Оро без граници

Традиционално се одржува во рамките на „ДЕТСКАТА НЕДЕЛА“ кон крајот на септември и почетокот на октомври под мотото „ДЕНЕШНОТО ПОЗНАНСТВО, УТРЕШНО ПРИЈАТЕЛСТВО“.

Фестивалот се состои од фестивалското фолклорно дефиле по улиците на градот Скопје и два концерта за отворање и затворање на Фестивалот, и други пропратни концерти во основните училишта и општини во Скопје. Учествуваат неколку ансамбли од странство (5-10) и десетина македонски ансамбли.

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

 

Локација