Заврши една прекрасна летна авантура. Сите деца кои поминаа низ овие летни активности си заминаа со прекрасни впечатоци, со ветување дека ќе се видиме во септември на некоја од нашите секции.
Зошто ја избраа баш Детска радост во Карпош? Затоа што секој ден си заминуваа среќни, сакани, насмеани и затоа што секој ден им беше поинтересен и различен од предходниот. Децата 20 дена играа, спортуваа, се натпреваруваа во квизотека, ги научија основите на свирење на класична гитара и тапан, цртаа, научија што е детска филозофија, ја почувствуваа магијата во 3Д печатењето и секој ден имаа различна креативна работилница. Насмевка и среќа се ширеше како кај децата така и кај нас кои се грижевме за нив, ги едуциравме и сакавме.
Се надеваме дека на сите деца кои дојдоа им беше прекрасно, но и дека стекнаа поголемо искуство од сите креативни активности кои се одвиваа во нашиот Детски културен центар - Карпош . Благодариме на родителите за довербата, а најголемото БЛАГОДАРАМ го упатуваме до децата што ни разубавија 20 дена со нивните насмевки и креативност.
#ДетскаРадостВоКарпош