„Цртање на асфалт“ е манифестација со традиција повеќе од 40 години. Манифестацијата се одржа на 22.05.2026 година од 10:00 часот во дворот на ДКЦ „Карпош“ под мотото - Ја учам азбуката, моите први букви.
Цртање на асфалт се одржува по повод 24 Мај, денот на македонските просветители Св.Кирил и Методиј на која учествуваат најмалите, децата од скопските градинки.
На оваа манифестација децата од предучилишните установи преку цртежи на асфалт ја изразуваат својата креативност, а воедно преку пригодна програма се одбележува овој голем ден на кој се сеќаваме на ликот и делото на браќа Кирил и Методиј, светите браќа просветители кои оставија голем аманет на идните генерации.
ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ секоја година традиционално ја организира манифестацијата „ЦРТАЊЕ НА АСФАЛТ“, наменета за децата од градинките во Скопје и околината.
