ЦРТАЊЕ НА АСФАЛТ
АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

„Цртање на асфалт“ е манифестација со традиција повеќе од 40 години. Манифестацијата се одржа на 22.05.2026 година од 10:00 часот во дворот на ДКЦ „Карпош“ под мотото - Ја учам азбуката, моите први букви. 

Цртање на асфалт се одржува по повод 24 Мај, денот на македонските просветители Св.Кирил и Методиј на која учествуваат најмалите, децата од скопските градинки.
2026 CRTANJE NA ASFALT 

На оваа манифестација децата од предучилишните установи преку цртежи на асфалт ја изразуваат својата креативност, а воедно преку пригодна програма се одбележува овој голем ден на кој се сеќаваме на ликот и делото на браќа Кирил и Методиј, светите браќа просветители кои оставија голем аманет на идните генерации.

ЦРТАЊЕ НА АСФАЛТ, историја

CRTANJE NA ASFALT 400x300ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ секоја година традиционално ја организира манифестацијата „ЦРТАЊЕ НА АСФАЛТ“, наменета за децата од градинките во Скопје и околината.

Оваа манифестација е со традиција од 40 години, се одржува во месец мај и посветена е на денот на македонските просветители Св. Кирил и Методиј, едни од најзначајните личности во македонската историја..

ПОВЕЌЕ

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

DKC 300x225 ALB

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

 

Локација