ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ има потреба од ангажирање стручни лица за потребите на мултимедијалната секција.
За таа цел објавува:
ОГЛАС
за ангажирање лицa за потреби на мултимедијална секција
ЈУ. Детскиот културен центар - „Карпош“, ќе организира и реализира секција за мултимедијално творештво чија основна идеја на секцијата е да им овозможи на децата таленти да учат за музиката, без оптоварување и правила. Нашиот концепт го дизајнираме согласно одредена програма и за таа цел потребни се стручни лица за следниот ангажман:
- КАКО СЕ ПРАВИ ЦЕЛА ПЕСНА ВО СТУДИО? – Компонирање
- ПРАВЕЊЕ ПОДКАСТ ЗА YOUTUBE - (подготовка на текст на зададена тема, снимање на видео запис во студио, миксање со музика)
- КАКО СЕ ПРАВИ РАДИО РЕКЛАМА? - (составување текст, дикциско читање, снимање, миксање со музика и ефекти)
Секцијата ќе се одржува со избрани стипендирани членови од ЈУ ДКЦ - Карпош.
Огласот е објавен на 13.02.2026 година и трае до 20.02.2026 година.
Заиниресераните кандидати да ги поднесат потребните документи, биографија (CV) и мотивационо писмо, во просториите на ЈУ ДКЦ - „Карпош“.
За подетални информации може да се обратите на следните контакт телефони: 02 / 3228 – 111 и 075/463 - 787
