
КЛАСИЧНА ГИТАРА
Часовите за изучување на класична гитара се изведуваат индивидуално, во зависност од тоа колку детето - член има познавање од свирење на овој инструмент.
Возраст која е најпогодна за изучување на класична гитара се деца од 7 години до 14 години.
Почетниците се запознаваат со музичката теорија, солфеж и гитарата како инструмент, додека децата кои веќе имаат познавање од музичката теорија, изучуваат кратки дела од познати светски композитори.
Членовите на оваа секција учествуваат на многу манифестации и концерти што ги организира Детски културен центар - „Карпош“ и посетуваат и натпревари по гитара.
Часовите ги држи музички педагог Георги Трајков, понеделник, вторник и среда од 13:30 до 20:30 часот, четврток и петок од 09:00 до 14:00 часот. Месечна чланарина 1.500,00 денари.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||
| Време | понеделник, вторник и среда од 13:30 до 20:30 ч., четврток и петок од 09:00 до 14:00ч. | |
| Инструктор | Георги Трајков | |
| Инструмент | КЛАСИЧНА ГИТАРА | |
| Членарина | 1.500,00 денари, месечна членарина |
ПРЕЗЕМЕТЕ -
ДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - инструменти-индивидуална настава
КЛАРИНЕТ
Часовите за изучување на кларинет се изведуваат индивидуално, во зависност од тоа колку детето - член има познавање од свирење на овој инструмент.
Возраст која е најпогодна за изучување на кларинет се деца од 7 години до 14 години.
Почетниците се запознаваат со музичката теорија, солфеж и кларинетот како инструмент, додека децата кои веќе имаат познавање од музичката теорија, изучуваат кратки дела од познати македонски и светски композитори.
Членовите на оваа секција учествуваат на многу манифестации и концерти што ги организира Детски културен центар - „Карпош“ и посетуваат и натпревари по кларинет.
Часовите ги држи едукатор Марко Младеновски. Часовите се индивидуални, вторник и четврток по договор со едукаторот.
Месечна членарина 1.500,00 денари.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||
| Време | вторник и четврток | |
| Инструктор | Марко Младеновски | |
| Инструмент | КЛАРИНЕТ | |
| Членарина | 1.500,00 денари, месечна членарина |
ПРЕЗЕМЕТЕ -
ДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - кларинет
ТАМБУРА, ТАПАН, КАВАЛ, ГАЈДА, КЕМАНЕ, ..
Курсот за изучување на македонски традиционални музички инструменти е поделен на два дела: теоретски дел и практичен дел.
Теоретскиот дел е запознавање на македонските традиционални музички инструменти и нивната поделба; нивната изработка и нивната употреба, и изучување на нотното писмо по одбрана литература.
Практичниот дел, во зависност од кои македонски традиционален музички инструмент е избран, е предвиден да се совладуваат вежби за расвирување, да се совладаат и интерпретираат дурски и молски скали и да се изучуваат ора и песни од различни етнички предели.
Преку курсот децата ќе стекнат општа музичка култура, ќе се запознаат со традиционалните мелоси и интерпретирање на еден или повеќе македонски традиционални музички инструменти во зависност од талентираноста на детето.
Со курсот за изучување традиционални инструменти раководи Тимко Чичаковски во вторник од 17:00 до 18:30 часот (блок часови). Месечна чланарина 1.500,00 денари.
| Локација | ДКЦ „КАРПОШ“ | |
| Пристапност | Пред објектот е поставена подвижна платформа за непречен пристап и движење на лица со инвалидност. | |
| Пристап и движење во културната јавна установа лицата со инвалидност имаат во сутеренската просторија со пристапна рампа и на првиот кат од објектот со подвижна платформа. | ||
| Време | вторник од 17:00 до 18:30 ч. (блок часови) | |
| Инструктор | Тимко Чичаковски | |
| Инструмент | ТРАДИЦИОНАЛНИ ИНСТРУМЕНТИ | |
| Членарина | 1.500,00 денари, месечна членарина |
ПРЕЗЕМЕТЕ -
ДОГОВОР ЗА КУЛТУРНО-ОБРАЗОВНА СОРАБОТКА - инструменти-индивидуална настава