Оваа година се прославува 30 годишен јубилеј на единствениот меѓународен детски фолклорен фестивал во државата. Јубилејната година ќе започне со одбележување уште од месец февруари со различни активности, а од 16 до 19 септември 2021 година, Детскиот културен центар – „Карпош“ и Град Скопје, го организираат и ќе го реализираат главниот настан на меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро брз граници“.
За таа цел ЈУ Детски културен центар – „Карпош“ бара лица со соодветно стручно искуство во реализација на фолклорни фестивали и активности поврзани со фолклор за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.
- Уметнички директор 1 (еден)
Уметничкиот директор има задача и обврска да направи предлог концепт за целокупниот тек на јубилејното издание на меѓународниот детски фолклорен фестивал и да пронајде и предложи водител, проект координатори за фолклорни активности, водичи на детски групи, како и лица (стручни соработници од областа на културата) кои ќе помогнат во организација и реализација на овој голем и значаен јубилеј.
Уметничкиот директор има задача и да ја организира и реализира целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Напомена: Учесници на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија за учество во реализација на фолклорни фестивали, мотивационо писмо/пријава (зошто се пријавуваат) и предлог концепт на целокупната манифестација.
Јавниот повик е даден на 15.01.2021 година и трае до 29.01 2021 година, 15 дена од денот на објавувањето.
Контакт телефон: 02 / 3228 – 111
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следниот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com