Во период од февруари до јули 2022 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, во рамките на манифестацијата ,,Инструментите на моите предци”, ќе организираат стручна едукација, предавања, работилници, фестивал и натпревар кои имаат цел да го сублимираат знаењето на децата за изворните народни и класични инструменти, традиционалниот накит и облековните елементи на нивните предци.
Манифестацијата ,,Инструментите на моите предци” се состои од низа предавања и практични работилници на претходно утврдени теми од сферата на народното творештво, како и фестивал и натпревар на народни и класични инструменти.
За таа цел ЈУ.Детски културен центар - „Карпош“ бара лица со соодветно стручно искуство од оваа област за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.
- Уметнички директор 1 (еден)
Уметничкиот директор има задача и обврска да пронајде и предложи реномирани инструменталисти и групи, педагози / едукатори од земјата и странство за концерти, жири комисии и мастер часови, работилници и предавања.
Уметничкиот директор има задача и да ја организира и реализира целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Избраните стручни лица ќе бидат ангажирани со авторски договори.
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик).
Јавниот повик е даден на 02.03.2022 година и трае до 11.03 2022 година, и трае 10 дена од денот на објавувањето.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com
Контакт телефон: 02 / 3228 – 111