Во јуни 2021 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе организираат креативни и едукативни работилници и предвања кои имаат цел да ја сублимираат креативноста и креативните потенцијали на децата и младите од Град Скопје. Фестивалот на детска креативност - Трамболини се состои од низа предавања и работилници и е поделен во четири столба и тоа: наука, уметност, личен развој и забава и спорт, каде децата и младите ќе бидат учесници и ќе ја разбудат својата креативност онаму каде што имаат интерес
За таа цел ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ има потреба од ангажирање на едукатори за реализација на работилници со соодветно искуство од областа за која се пријавуваат.
Исто така за успешна реализација на фестивалот потребни се и следните позиции, стручни програмски соработници од областа на културата:
- ЕДУКАТОРИ
- КОМПЕТЕНТНИ ЛИЦА
Низ предавањата наменети за креативноста кои се предвидени да се реализираат од страна на стручни лица од земјата и странство, учесниците ќе постигнат повисоко ниво на креативност и инвентивност како и поттикнување на нивните организаторски способности.
За успешна реализација на фестивалот на детска креативност предвидено е да учествуваат и еминентни странски гости едукатори и предавачи.
Кандидатите треба да бидат креативни луѓе – едукатори, кои:
- Имаат стручно познавање од областа која ќе ја реализираат;
- Имаат учество во проекти од областа на културата
- Имаат искуство во спроведување на едукативни работилници со деца и млади
- Ќе дадат конкретен креативен предлог концепт за тематскa работилница која би ја реализирале
Учеството и реализацијата на сите работилници ќе бидат под сите протоколи за заштита од Ковид 19.
Избраните едукатори за одржување на работилниците и останатите компетентни лица ќе бидат ангажирани со авторски договори.
Напомена:
- ЗА ЕДУКАТОРИ: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија (CV) и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик) како и конкретен предлог концепт за тематски работилници кои би ги реализирале.
- За останати компетентни лица: Учесниците на Јавниот повик треба да достават биографија (CV)
Јавниот повик е даден на 15.1.2021 и трае до 29.1 2021 година, и трае 15 дена од денот на објавувањето.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com
Контакт телефон 02 / 3228 111