Од февруари до април, 2021 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, организираат креативни и едукативни предвања и работилници кои имаат цел да ја сублимираат креативноста и креативните потенцијали на учениците. Проектот „Креативно менторство“ се состои од низа предавања и работилници на претходно утврдени теми од сферата на креативните индустрии и тоа: моден и индустриски дизајн, културно наследство, маркетинг и комуникациски медиуми, активности од обласата на визуелните и изведбените уметности, архитектурата и информатички технологии.
За таа цел ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ има потреба од ангажирање на експерти - ментори за реализација на работилници со соодветно искуство од оваа област, за кои самите ќе обезбедат материјали за работа за работилниците. Низ предавања и работилници кај учениците ќе постигнат повисоко ниво на креативност и инвентивност и поттикнување на нивните организаторски способности.
Кандидатите треба да бидат креативни луѓе – едукатори, кои:
- Имаат стручно познавање од областа која ќе ја реализираат;
- Имаат учество во проекти од областа на културата;
- Имаат искуство во спроведување на едукативни работилници со ученици од основно и средно образование;
- Ќе дадат конкретен креативен предлог концепт за тематскa работилница која би ја реализирале
Избраните експерти - ментори ќе бидат ангажирани со авторски договори.
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија (CV) и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик) за едукатори - ментори во проектот „Креативно менторство“ и конкретен предлог концепт за тематска работилница која би ја реализирале.
Учеството во работилниците ќе биде според сите протоколи за заштита од Ковид 19.
Јавниот повик е даден на 15.1.2021 и трае до 29.1 2021 година, и трае 15 дена од денот на објавувањето.
Контакт телефон 02 / 3228 111
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com