Од февруари до март, 2020 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, организираат креативни и едукативни предвања и работилници кои имаат цел да развијат одредени вештини кај децата од градинките и учениците од основните училишта, а преку нив и да се откријат и развијат талентите. Оваа година акцентот ќе биде ставен на предавање и работилници кои се поврзани со македонското народно творештво.
За таа цел ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ има потреба од ангажирање:
- 4 (четири) ЕДУКАТОРИ
за реализација на предавање и работилници со соодветно искуство од оваа област, кои кај децата ќе постигнат повисоко ниво на заинтересираност и истрајноста во реализирање на активностите од областа на македонското народно творештво.
Кандидатите треба да бидат креативни луѓе – едукатори и етнокореолози, кои:
- Имаат стручно познавање од областа која ќе ја реализираат;
- Имаат учество во проекти од областа на културата;
- Имаат искуство во спроведување на едукативни работилници со деца и ученици од градинки и основни училишта;
- Ќе дадат конкретен креативен предлог концепт за работилница која би ја реализирале од областа на македонското народно творештво.
Избраните едукатори ќе бидат ангажирани со авторски договори.
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија (CV) и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик) за едукатори во проектот „Развиваме и градиме млади таленти“.
Јавниот повик е даден на 15.1.2020 и трае до 22.1 2020 година, и трае 8 дена од денот на објавувањето.
Контакт телефон 02 / 3228 111