ЈАВНИ ПОВИЦИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Во период од мај до јуни, 2022 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ја организираат и реализираат музичко - сценската манифестација „Фестивал на класичен балет и модерен танц“. За таа цел ЈУ Детски културен центар – „Карпош“ бара лица со соодветно стручно искуство во реализација на детски музичко – сценски манифестации за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.

 

  • Уметнички раководител 1 (еден)

 

Уметничкиот раководител има задача и обврска да спроведе аудиции, да пронајде и предложи: стручни соработници од културата и балетски студија за класичен и модерен танц за реализација на фестивалот.

Уметничкиот раководител има задача и да ја организира и реализира целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.

Напомена: Учесници на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија за учество во реализација на музичко – едукативниот проект, мотивациско писмо (зошто се пријавува на повикот) и предлог активности (што ќе се работи), како и листа на предложени професионалци кои ќе земат учество во проектот.

Јавниот повик е даден на 02.03 и трае до 11.03 2022 година, 10 дена од денот на објавувањето.

Контакт телефон: 02 / 3228 – 111

Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com

 

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација