Во месец март - април 2022 година, Детскиот културен центар – „Карпош“ и Град Скопје, организираат едукативни предвања и работилници кои имаат за цел да развијат одредени вештини кај децата од градинките и учениците од основните училишта, а преку нив и да се откријат и развијат талентите.
Оваа година акцентот ќе биде ставен на предавање и работилници кои се поврзани со македонското народно творештво.
За таа цел, ЈУ “Детски културен центар Карпош“ има потреба од ангажирање на едукатори и етнокореолози за реализација на предавање и работилници со соодветно искуство од оваа област, кои кај децата ќе постигнат повисоко ниво на заинтересираност и истрајност во реализирање на активностите од областа на македонското народно творештво.
Кандидатите треба да бидат креативни луѓе – едукатори и етнокореолози, кои:
- Имаат познавање од областа која ќе ја реализираат;
- Имаат учество во проекти од областа на културата;
- Да имаат искуство во спроведување на едукативни работилници со деца и ученици од градинки и основни училишта;
- Да дадат конкретен креативен предлог концепт за работилница која би ја реализирале од областа на македонското народно творештво
Избраните едукатори и етнокореолози ќе бидат ангажирани со авторски договори.
Напомена: Учесници на Јавниот повик треба да достават до нашата установа ( архива) или на долунаведената е – маил адреса: биографија(CV) и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик) за едукатори и етнокореолози во проектот „Развиваме и градиме млади таленти“.
Учеството во работилниците ќе биде според сите протоколи за заштита од Ковид 19.
Јавниот повик е даден на 02.03.2022 и трае до 09.03. 2022 година и трае 8 дена од денот на објавувањето.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com
Контакт телефон 02 / 3228 111