ЈАВНИ ПОВИЦИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Во период од февруари до јули 2023 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, во рамките на Фестивалот и натпревар за класични и изворни инструменти насловен како ,,Инструментите на моите предци”, ќе организираат стручна едукација, предавања, работилници, фестивал и натпревар кои имаат за цел да го сублимираат знаењето на децата за изворните народни и класични инструменти, традиционалниот накит и облековните елементи на нивните предци.
Манифестацијата ,,Инструментите на моите предци” се состои од низа предавања и практични работилници на претходно утврдени теми од сферата на народното творештво, како и фестивал и натпревар на народни и класични инструменти.

 За таа цел ЈУ.Детски културен центар - „Карпош“ бара лица со соодветно стручно искуство од оваа област за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.

 

  • Уметнички директор на фестивалот 1 (еден)

 

Уметничкиот директор на фестивалот има задача и обврска да пронајде и предложи реномирани инструменталисти и групи, педагози / едукатори од земјата и странство за концерти, жири комисии и мастер часови, работилници и предавања.

Уметничкиот директор на фестивалот има задача и обврска да пронајде и предложи стручни соработници за реализација на активности

Уметничкиот директор на фестивалот има задача и да ја организира и реализира целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.

Избраните стручни лица ќе бидат ангажирани со авторски договори.

Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик).

Јавниот повик е даден на 06.02.2023 година и трае до 15.02.2023 година, и трае 10 дена од денот на објавувањето.

Контакт телефон: 02 / 3228 111

Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com

 

 

НАЈНОВИ СОДРЖИНИ

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација