ЈАВНИ ПОВИЦИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Од мај – октомври 2023 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, го организираат меѓународен фестивал и натпревар за класична гитара „Тремоло“ - 2023. По 14 пат во Скопје и државата ќе се одржи и интернационален натпревар за класична гитара во сите ученички, средношколски и студентски категории, како и мастер часови. Исто така на задоволство на скопската публика ќе се одржат и концерти.

Се бараат лица со соодветно стручно искуство од оваа област за следните позиции кои ќе бидат ангажирани со авторски договори.

 

  • Уметнички директор на фестивалот 1 (еден)

 

Уметничкиот директор има задача:

  • Да пронајде и предложи значајни гитаристи - педагози од Европа и Р.С. Македонија за концерти, жири комисии и мастер часови;
  • Да пронајде и предложи стручни соработници за реализација на активностите
  • Да го утврди годишниот термин и времетраење на одржување на Меѓународниот фестивал и натпревар за класична гитара „Тремоло“ - 2023,
  • Да подготви програмски активности и нивна реализација,
  • Да даде придонес за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на Меѓународен фестивал и натпреавр за класична гитара „Тремоло“ - 2023.

 

Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија за учество во реализација на сценско - музички настани, мотивациско писмо како и предлог програма и активности за „Тремоло“ 2023 и предлози на значајни гитаристи, педагози и стручни соработници.

Јавниот повик е даден на 06.02.2023 година и трае до 15.02.2023 година, 10 дена од денот на објавувањето.

Контакт телефон: 02 / 3228 – 111

Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следниот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com

Податоците за манифестацијата од изминатите години може да ги најдете на ВЕБ страната на ДКЦ - „Карпош“ и ВЕБ страната на „Тремоло“.

 

LOGO TREMOLO 800x400

 

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација