Детскиот културен центар – „Карпош“ и Град Скопје, по триесет и трети пат го организираат и ќе го реализираат меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро брз граници“.
За таа цел ЈУ Детски културен центар – „Карпош“ бара лице со соодветно стручно искуство во реализација на детски фолклорни фестивали и активности поврзани со фолклор за следната позиција за која ќе биде ангажиран/а со авторски договор.
- Уметнички директор 1 (еден)
Уметничкиот директор има задача и обврска да направи предлог концепт за целокупниот тек на меѓународниот детски фолклорен фестивал и да пронајде и предложи водител, проект координатори за фолклорни активности, водичи на детски групи, како и лица (стручни соработници од областа на културата) кои ќе помогнат во организација и реализација на овој голем и значаен настан.
Уметничкиот директор има задача и да ја организира и реализира целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на фестивалот.
Напомена: Учесници на Јавниот повик треба да достават до нашата установа
(архива) или на долунаведената е – маил адреса: биографија(CV) и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик) .
Јавниот повик е даден на 14.02.2024 и трае до 21.02.2024 година и трае 8 дена од денот на објавувањето.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следниот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com
Контакт телефон: 02 / 3228 – 111