Детскиот културен центар – „Карпош“ и Град Скопје, организираат креативни и едукативни предвања и работилници кои имаат за цел да ја сублимираат креативноста и креативните потенцијали на учениците. Работилниците за креативно менторство се состојат од низа предавања и работилници на претходно утврдени теми од сферата на креативните индустрии и тоа: моден и индустриски дизајн, маркетинг и комуникациски медиуми, активности од обласата на визуелните и изведбените уметности, архитектурата како и информатички технологии
За таа цел, ЈУ “Детски културен центар Карпош“ има потреба од ангажирање на експерти – ментори за реализација на работилници со соодветно искуство од оваа област, кои низ предавања и работилници кај учениците ќе постигнат повисоко ниво на креативност и инвентивност како и поттикнување на нивните организаторски способности.
Кандидатите треба да бидат креативни луѓе – едукатори, кои:
- Имаат стручно познавање од областа која ќе ја реализираат;
- Да имаат учество во проекти од областа на културата;
- Да имаат искуство во спроведување на едукативни работилници со ученици од основно и средно образование;
- Да дадат конкретен креативен предлог концепт за тематскa работилница која би ја реализирале
Избраните експерти - ментори ќе бидат ангажирани со авторски договори.
Напомена: Учесници на Јавниот повик треба да достават до нашата установа (архива) или на долунаведената е – маил адреса: биографија (CV) и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик) за едукатори - ментори во проектот „Работилници за креативно менторство“.
Јавниот повик е даден на 14.02.2024 и трае до 23.02.2024 година и трае 10 дена од денот на објавувањето.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com
Контакт телефон 02 / 3228 111