ЈАВНИ ПОВИЦИ

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

АДРЕСА
бул. Илинден бр. 53, 1000 Скопје
Е-ПОШТА
dkckarpos1@gmail.com 

Пребарајте на нашата веб страна

Во период од мај до јуни, 2024 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ја организираат и реализираат музичко - сценската манифестација „Фестивал на класичен балет и модерен танц“.

 

За таа цел ЈУ Детски културен центар – „Карпош“ бара лице со соодветно стручно искуство во реализација на детски музичко – сценски манифестации за следната позиција за која ќе биде ангажиран/а со авторски договор.

  • Уметнички директор на фестивалот 1 (еден)

 

Уметничкиот директор на фестивалот има задача и обврска да спроведе аудиции, да пронајде и предложи: стручни соработници од културата и балетски студија за класичен и модерен танц за реализација на фестивалот од земјата и странство.

Уметничкиот директор има задача и да ја организира и реализира целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.

Напомена: Учесници на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија за учество во реализација на музичко – сценска манифестација „Фестивал за класичен балет и модерен танц“, мотивациско писмо (зошто се пријавува на повикот) и предлог активности (што ќе се работи), како и листа на предложени професионалци кои ќе земат учество во проектот.

Јавниот повик е даден на 14.02.2024 и трае до 21.02.2024 година, 8 дена од денот на објавувањето.

Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com

Контакт телефон: 02 / 3228 – 111

 

Контакт информации

бул. Илинден број 53
1000 Скопје
++ 389 (0)2 322 8 111
++ 389 (0)75 46 37 87
dkckarpos1@gmail.com

ПОСЕТЕТЕ НÉ НА:  facebook   Instagram   youtube

Локација