ЈУ. Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе организира и реализира манифестација ,,Ритамот на Старата чаршија”.
За таа цел ЈУ.Детски културен центар - „Карпош“ бара лице со соодветно стручно искуство од оваа област за следната позиција за која ќе биде ангажиран/а со авторски договор.
- Уметнички директор на фестивалот 1 (еден)
Уметнички директор на манифестацијата 1 (еден)
- Уметничкиот директор на манифестацијата има задача и обврска да пронајде и предложи реномирани инструменталисти и групи, културно уметнички друштва, бендови.
- Уметничкиот директор на манифестацијата има задача и обврска да пронајде и предложи стручни соработници за реализација на активности
- Уметничкиот директор на фестивалот има задача и да ја организира и реализира целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Напомена: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик).
Јавниот повик е даден на 14.02.2024 година и трае до 21.02.2024 година, 8 дена од денот на објавувањето.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следниот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com
Контакт телефон: 02 / 3228 – 111