Во период од мај до јуни, 2025 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ ја организира и реализира музичко - сценската манифестација „Фестивал на класичен балет и модерен танц“. За таа цел ЈУ Детски културен центар – „Карпош“ бара лице со соодветно стручно искуство во реализација на детски музичко – сценски манифестации за следната позиција за која ќе биде ангажиран/а со авторски договор.
• Уметнички директор на фестивалот 1 (еден)
- Уметничкиот директор на фестивалот има задача и обврска да спроведе аудиции, да пронајде и предложи: стручни соработници од културата и балетски студија за класичен и модерен танц за реализација на фестивалот од земјата и странство.
- Уметничкиот директор има задача и да ја организира и реализира целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Напомена: Учесници на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија за учество во реализација на музичко – сценска манифестација „Фестивал за класичен балет и модерен танц“, мотивациско писмо (зошто се пријавува на повикот) и предлог активности (што ќе се работи), како и листа на предложени професионалци кои ќе земат учество во проектот.
Јавниот повик е даден на 25.03.2025 и трае до 01.04.2025 година, 8 дена од денот на објавувањето.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com
Контакт телефон: 02 / 3228 – 111, 075/463-787