Во јуни 2025 година, Детскиот културен центар - „Карпош“ и Град Скопје, ќе организираат креативни и едукативни работилници и предaвања кои имаат цел да ја сублимираат креативноста и креативните потенцијали на децата и младите од Град Скопје. Фестивалот на детска креативност - Трамболини се состои од низа предавања и работилници и е поделен во четири столба и тоа: наука, уметност, личен развој и забава и спорт, каде децата и младите ќе бидат учесници и ќе ја разбудат својата креативност онаму каде што имаат интерес.
За таа цел ЈУ Детски културен центар - „Карпош“ има потреба од ангажирање на едукатори за реализација на работилници со соодветно искуство од областа за која се пријавуваат.
Исто така за успешна реализација на фестивалот потребни се следните позиции: :
• Едукатори
• Компетентни лица за дебати
• Стручни програмски соработници од областа на културата
Низ предавањата наменети за креативноста кои се предвидени да се реализираат од страна на стручни лица од земјата и странство, учесниците ќе постигнат повисоко ниво на креативност и инвентивност како и поттикнување на нивните организаторски способности.
За успешна реализација на фестивалот на детска креативност предвидено е да учествуваат и еминентни странски гости едукатори и предавачи.
Кандидатите треба да бидат креативни луѓе – едукатори, компетентни стручни соработници од областа на културата и компетентни лица за дебати кои:
• Имаат стручно познавање од областа која ќе ја реализираат;
• Имаат учество во проекти од областа на културата
• Имаат искуство во спроведување на едукативни работилници со деца и млади
• Ќе дадат конкретен креативен предлог концепт за тематскa работилница која би ја реализирале
Избраните едукатори за одржување на работилниците и останатите компетентни лица ќе бидат ангажирани со авторски договори.
Напомена:
• ЗА ЕДУКАТОРИ: Учесниците на Јавниот повик треба да достават до нашата установа биографија (CV) и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик) како и конкретен предлог концепт за тематски работилници кои би ги реализирале.
• За останати компетентни лица: Учесниците на Јавниот повик треба да достават биографија (CV)
Јавниот повик е даден на 16.04.2025 и трае до 24.04.2025 година, и трае 9 дена од денот на објавувањето.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com
Контакт телефон 02 / 3228 111