ЈУ Детскиот културен центар – „Карпош“ и Град Скопје, го организираат и ќе го реализираат едукативниот проект под наслов „ЗОО Приказни“.
За таа цел ЈУ.Детски културен центар – Карпош бара лице со соодветно стручно искуство во реализација на детски едукативни проекти за следната позиција за која ќе биде ангажиран со авторски договор.
•Уметнички директор ( 1 еден)
- Уметничкиот директор има задача да пронајде и предложи: текстописци (писатели на приказни), графички дизајнери, илустратори и други соработници од областа на културата.
- Уметничкиот директор има задача и да ја организира и реализира целокупната манифестација, како и други активности и дејствија кои ќе придонесат за унапредување на квалитетот, угледот и популаризацијата на манифестацијата.
Напомена: Учесници на Јавниот повик треба да достават до нашата установа
(архива) или на долунаведената е – маил адреса: биографија(CV) и мотивациско писмо (зошто се пријавуваат на јавниот повик)
Јавниот повик е даден на 16.04.2025 и трае до 24.04.2025 година и трае 9 дена од денот на објавувањето.
Документите може да ги доставите во архивата на институцијата или на следиот е-маил: direktordkckarpos@yahoo.com
Контакт телефон 02/3228 – 111