ЈУ. Детскиот културен центар - „Карпош“, ќе организира и реализира секција за мултимедијално творештво чија основна идеја на секцијата е да им овозможи на децата таленти да учат за музиката, без оптоварување и правила. Нашиот концепт го дизајнираме според желбите и потребите на децата. За нас е важно на секое дете да му посветиме целосно внимание, за да го развие својот целосен музички потенцијал, за кој ќе биде стипендиран.
За таа цел ЈУ.Детски културен центар - „Карпош“ ги повикува сите талентирани деца да дојдат на аудиција и да го покажат својот талент.
Напомена: Сите заинтересирани да се јават на аудиции на 12.02.2024, 13.02.2024 и 14.02.2024 во 18.00 часот во просториите на ДКЦ – Карпош.
За подетални информации може да се обратите на следните контакт телефони: 02 / 3228 – 111 и 075/463 - 787
