Детски културен центар „Карпош“ и Град Скопје распишуваат Конкурс за оригиналнo прoзно дело за деца на возраст од 10 до 15 години
Пријавените книжевни дела (роман, новела, подолг расказ...) треба:
- • да имаат наративна форма
- • да имаат најмалку 30 компјутерски страници
- • да бидат наменети за деца од 10-15 годишна возраст
- • да бидат напишани на македонски јазик
- • да не биле досега објавувани
Особено внимание ќе биде посветено на дела што се забавни, достеливи, поучни, поттикнуваат креативност и критичко размислување. Целта на овој проект е креирање на можности за авторите што пишуваат литература за деца и млади, како и креирање на читачки навики кај младите преку содржини што ќе поттикнат љубопитност кај нив.
Текстовите треба да бидат испратени електронски најдоцна до (10 Мај 2022) на следната е-мејл адреса:
За наградата ќе одлучува тричлечна стручна комисија. Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до (10.06.2022). Тричлената комисија ќе додели една награда, а делото ќе биде публикувано.
Целта на овој конкурс е да се поттикне продукцијата на литература за деца од оваа возраст.
